• петок, 26 јули 2024

Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина

Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина

Киев, 7 јули 2024 (МИА) – Новиот министер за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, денеска во Киев соопшти дека неговата земја „без одлагање“ ќе почне со испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина.

Украина верува дека овие напредни авиони од американско производство ќе ѝ помогнат да стекне воздушна супериорност над Русија и со тоа подобро да ги заштити своите трупи и градови од секојдневно бомбардирање.

Велдкамп, кој е министер од минатиот месец, рече дека Холандија е подготвена да ги испрати авионите откако минатата недела беа доделени потребните дозволи за извоз, но не прецизираше датум за испорака на сите 24 ветени борбени авиони.

- Сега кога добивме одобрение за првите Ф-16, тие ќе бидат испорачани без одлагање, изјави Велдкамп пред новинарите во Киев. јт/

Фото: Х

Остани поврзан