• вторник, 24 декември 2024

Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд

Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд

 

Париз, 6. август 2024 (МИА) – Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.

Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути.

Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути.

Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан