Хипер: Колку повеќе трошиме за одбрана, толку повеќе го намалуваме ризикот
- Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата европските земји да ги зголемат трошоците за обраната, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер во врска со најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе бара од членките на НАТО зголемување на трошоците за одбраната на ниво од пет отсто од БДП.
Брисел, 8 јануари 2024 (МИА) - Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата европските земји да ги зголемат трошоците за обраната, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер во врска со најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе бара од членките на НАТО зголемување на трошоците за одбраната на ниво од пет отсто од БДП.
- Ние (ЕУ) немаме таква цел, но она што е многу јасно кога ќе погледнеме на сите закани од руската агресија врз Украина, заканата што Русија ја претставува за сите нас, јасно е дека Европа мора да се засили. Европските трошоци достигнаа рекордно ниво, така што колку повеќе трошиме за одбрана, толку повеќе го намалуваме ризикот, рече Хипер.
На прашање дали сепак ЕК не смета дека зголемување на трошоците на одбраната на пет отсто од БДП е преголемо за земјите на ЕУ, Хипер повтори дека Унијата не поставила никаква цел за трошоци за одбраната и нема да навлегува во тоа, бидејќи останува членките сами да решаваат за ова прашање.
- Се согласуваме дека Европа мора да ги зголеми своите трошоци и мора повеќе да инвестира во одбраната и безбедноста, но исто така важно прашање не е колку пари трошиме, туку и како ги трошиме, додаде Хипер. сп/
Фото: Скриншот