• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хименез: Го избрав Милан бидејќи е голем клуб

Хименез: Го избрав Милан бидејќи е голем клуб

Милано, 1 февруари 2025 (МИА) - Центарфорот Сантијаго Хименез слета во Милано во саботата навечер за да го комплетира трансферот во Милан.

Мексиканскиот фудбалер доаѓа од Феенорд како замена за Алваро Мората.

Според Фабрицио Романо, зделката е вредна вкупно над 35 милиони евра со бонуси, при што сегашниот клуб на играчот добива процент од идните продажби. Клучна улога имаше и самиот Хименез, кој инсистираше на трансфер.

Пред аеродромот Линато, напаѓачот беше пречекан од навивачите на „росонерите“.

Подоцна пред хотелот го чекаа навивачи.

-Го избрав Милан бидејќи е голем клуб, изјави Хименез.

Сепак, нема опција напаѓачот да учествува на дербито со Интер во недела. дс

Фото: Х/Принтскрин

Остани поврзан