• среда, 25 декември 2024

Химара доби жена привремен градоначалник, со поддршка и на советниците од опозицијата, не изостанаа тензии

Химара доби жена привремен градоначалник, со поддршка и на советниците од опозицијата, не изостанаа тензии

Тирана, 29 март 2024 (МИА) - Советот на општина Химара, Албанија, со мнозинство гласови, меѓу нив и опозицијата, за привремен градоначалнк, ја избраа Блерина Бела, која до сега беше заменик градоначалник.

Советот на општина Химара, приморско гратче населено главно со припадници на грчката етничка заедница, го сочинуваат 21 член, девет од Социјалистичката партија, седум од Демократската партија и пет од други помали партии. Изборот на Бела го поддржале 15 додека против биле четворица советници.

-Седница на Советот на општина Химара започна со тензии и судир, пред салата, меѓу полициските сили и приврзаниците на Фреди Белери, веќе осуден за поткуп на гласови a кој на локалните избори минатата година беше реизбран како кандидат на опозицијата. Поради хаосот што беше создаден седницата беше прекината, па по речиси еден час и засилено полициско обезбедување, продолжи, јави Топ чанел.

Премиерот Еди Рама изборот на Бала го нарече позитивен развој на настаните за продолжување на работата на локалната власт.

Коментирајќи ги тензиите што граѓаните на Химара ги создадоа на почетокот на денешниот состанок, преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека станува збор за „неуспешен обид на грст поединци“, додавајќи дека „повеќето Химариоти не припаѓаат на рововите на конфликтот“.

Изборот на Бела следува по апсењето на вршителот на должноста градоначалник Јорго Горо, кој е обвинет за злоупотреба на службената должност со отуѓување имот, во време кога бил регуларно избран градоначалник, пред 2019 година.

Привремениот градоначалник ќе остане на функцијата до предверемените локални избори во општина Химара, што треба да ги распише претседателот на државата. вт/мс/

Фото: Општина Химара-сајт

Остани поврзан