• недела, 24 ноември 2024

Херцог: Хутите ја минаа црвената линија во Црвено Море

Херцог: Хутите ја минаа црвената линија во Црвено Море

Ерусалим, 13 декември 2023 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека јеменските бунтовници Хути ја минале црвената линија со нападите во Црвеното Море, додавајќи дека меѓународните активности предводени од САД против оваа милитантна организација мора да се интензивираат во рамките на меѓународната коалиција.

„Под раководство на своите тоталитарни команданти во Техеран, континуираните терористички и пиратски акти на Хутите против бродовите на сите земји бараат од целата меѓународна заедница да дејствува обединето, силно и одлучно и да ја искорени оваа гнасна закана за глобалната економија и трговија“, објави претседателот Херцог на платформата Х, пренесе „Ал Џезира“.

Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, кон крајот на октомври јавно ја потврдија својата вмешаност во војната меѓу Израел и Хамас откако лансираа проектили и беспилотни летала кон јужен Израел, а во последните недели нападнаа трговски бродови во Црвениот Море. 

Официјален Техеран тврди дека групите, како Хутите, делуваат самостојно. сд/

 

Остани поврзан