• среда, 25 декември 2024

Херцог се извини поради загинувањето на седум хуманитарни работници во Газа

Херцог се извини поради загинувањето на седум хуманитарни работници во Газа

Ерусалим, 2 април 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Јицак Херцог вечерва упати извинување поради загинувањето на седум хуманитарни работници од американската невладина организацијата „Светска централна кујна“, во израелски напад во Појасот Газа.

Претседателот Херцог „ја изразува својата длабока тага и искрено извинување поради трагичната смрт на работниците на Светската централна кујна синоќа во Појасот Газа, и им изрази сочувство на нивните семејства и најблиски“, се вели во соопштението на израелското претседателство.

Во него се вели и дека Херцог лично разговарал со основачот на невладината организација, шпанскиот готвач Хозе Андрес. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан