• четврток, 26 декември 2024

Херцог: Компромисот околу реформата на правосудството никогаш поблизок

Херцог: Компромисот околу реформата на правосудството никогаш поблизок

Тел Авив, 6 март 2023 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека компромисот за плановите на владата за реконструкција на правосудниот систем, што доведе до масовни протести, е „поблиску од кога и да е“, пренесе Фена.

Иако шефот на државата во Израел има церемонијална функција, Херцог повика 100 владини претставници на итен состанок за тоа како да се дојде до резолуција за предлозите што ја поделија земјата и доведоа до протести низ целата земја, од кои некои се претворија во судири со полицијата.

„Поблиску сме од кога било до можноста за договорна рамка. За повеќето работи има договори зад сцената“, се наведува во изјавата на Херцог, во која не се даваат никакви детали.

Тој рече дека сега ќе зависи од лидерите на владејачката коалиција и опозицијата „да ги стават земјата и граѓаните над сè“ и тоа да го спроведат, додавајќи дека неговиот план работи на смирување на двете страни.

Планот за реформи во судството, што веќе доби првично одобрение од парламентот, ќе и даде на владата поголемо влијание врз изборот на судии и ќе ја ограничи моќта на Врховниот суд да поништува закони.

Критичарите на планираните измени на законот велат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди по обвиненијата за корупција што тој ги негира, презема чекори што ќе ги оштетат демократските контроли и рамнотежа во Израел, ќе овозможат корупција и ќе доведат до дипломатска изолација.

Поддржувачите, пак, тврдат дека промените се потребни за да се спречи тоа што тие го гледаат како активистичко судство, што се меша во политиката.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид повика на компромисни разговори и замрзнување на законот за 60 дена, но Нетанјаху рече дека ќе се согласи на разговори само без предуслови. сд/

Остани поврзан