• среда, 25 декември 2024

Херцог им се извини на роднините на жртвите од нападот на 7 октомври

Херцог им се извини на роднините на жртвите од нападот на 7 октомври

Ерусалим, 28 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог вчера во име на израелската држава им се извини на роднините на жртвите од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

-Овде стојам како претседател на државата Израел и се извинувам, рече Херцог за време на вчерашната церемонија во Ерусалим.

Тој призна дека безбедносниот апарат направил грешки, но сака истрага само кога ќе заврши војната во Појасот Газа.

-Жал ми е што не успеавме да ги заштитиме вашите најблиски, жал ми е што го прекршивме најосновниот договор меѓу една земја и нејзините граѓани за заштита на нивните животи и безбедност, рече Херцог.

Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври лани беа убиени 1.200 луѓе и киднапирани 250. Предупредувањата дека е можен таков напад, наводно, биле игнорирани. мс/ 

фото: ЕПА

Остани поврзан