• четврток, 26 декември 2024

Хенкс критикуван за неговиот холандски нагласок во „Елвис“

Хенкс критикуван за неговиот холандски нагласок во „Елвис“
Лос Анџелес, 27 мај 2022 (МИА) - Холивудскиот актер Том Хенкс (65), кој го глуми долгогодишниот менаџер на Елвис Присли, „Полковник“ Том Паркер во новиот биографски филм, на прес-конференција по проекцијата во Кан, ги избегна прашањата околу неговиот „сомнителен“ холандски нагласок во остварувањето. Инаку, Хенкс и неговите колеги актери добија 10-минутни овации од публиката, на крајот од проекцијата на „Елвис“ на 75. Кански филмски фестивал. Остварувањето е во режија на Баз Лурман, кој го напиша и сценариото, заедно со Крег Бромел и Крејг Пирс Оскаровецот се појави во филмот во дебело палто за да го преслика својот лик, но зборуваше со холандски акцент за којшто некои велат дека го одвлекува вниманието и е „неверодостоен“. Прикажувањата на „Елвис“ почнуваат од 24 јуни оваа 2022 година. Насловната улога ја одглуме Остин Батлер. си/ми/ https://www.youtube.com/watch?v=Gp2BNHwbwvI

Остани поврзан