• среда, 25 декември 2024

Хелсиншки на САД: Иља Јашин да биде веднаш ослободен

Хелсиншки на САД: Иља Јашин да биде веднаш ослободен
Вашингтон, 28 јули 2022 (МИА) - Хелсиншкиот комитет на САД застана во заштита на рускиот политичар Иља Јашин, уапсен во јули за критики против војната во Украина започната од Русија. -Владата на Путин води систематски и фронтален напад на руските граѓани кои се осмелуваат да ја зборуваат вистината за ѕверствата на Русија во Украина, изјави Стив Коен, копретседател на Хелсиншкиот комитет и специјален претставник на Парламентарната асамблеја на ОБСЕ за политички затвореници. -Иља Јашин, руски патриот и гласен критичар на војната во Украина, стана една од жртвите на тој режим, рече Коен. Од Хелсиншки на САД укажаа дека единствена негова вина е тоа што повикувал војната да запре и затоа бараат негово итно ослободување. Јашин е еден од основачите на движењето „Солидарност“, и беше локален пратеник во еден од реонските совети на Москва. Тој се залага за чесни избори, владеење на правото и демократија. За разлика од многумина, тој не замина од Русија и по започнатата војна. Пред да биде уапсен тој остана еден од ретките опозиционери кои не се убиени или врз кого не е извршен атентат, и кои беа принудени да заминат или да бидат ставени зад решетки. кб/

Остани поврзан