• недела, 06 октомври 2024

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот во атар на село Руѓенце

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот во атар на село Руѓенце

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Хеликоптерот Бел-212 на МВР денеска врз пожарот во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане исфрли над 20 тони вода.

Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, информираа од МВР, денеска го упати хеликоптерот Бел-212 и дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до куќите. цр/

Фото:МИА

видео:МВР

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан