• сабота, 09 ноември 2024

Хеликоптер на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот кај Блаце

Хеликоптер на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот кај Блаце

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Полициски хеликоптер денеска исфрлил над десет тони вода со што е локализиран крак од пожарот во близина на село Блаце.

- Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Блаце, го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот. Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над десет тони вода, соопшти МВР./са/

Фото: МВР

 

Остани поврзан