• среда, 25 декември 2024

Хеликоптерот на МВР Бел-212 исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино

Хеликоптерот на МВР Бел-212 исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино

Скопје, 10 септември 2023 (МИА) - Хеликоптерот на МВР Бел-212 денеска исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино, информираат од МВР. 

-Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација над село Кошино, општина Долнени, прилепско, пријавен во 13.40 часот, го упати хеликоптерот Бел-212, се наведува во соопштението.

Полицискиот хеликоптер, како што посочуваат од МВР, дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и ер-трактори на ДЗС, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до две села во општина Долнени.

Со хеликоптерот Бел-212 при гасењето беа исфрлени 23 тони вода во повеќе од 30 налети, со што беше спречено пожарот да се прошири и да го зафати селото. дма/

Фото: МИА архива

Видео:МВР

Остани поврзан