• четврток, 12 февруари 2026

Хезболах ја прифати оставката на високиот безбедносен функционер Вафик Сафа

Хезболах ја прифати оставката на високиот безбедносен функционер Вафик Сафа

Бејрут, 6 февруари 2026 (МИА) – Раководството на либански Хезболах денеска ја прифати оставката на високиот безбедносен функционер Вафик Сафа, што е првпат функционер од негов ранг да поднесе оставка, изјавија извори запознаени со состојбата во групата, пренесоа британските медиуми.

Сафа од 1987 година е шеф на единицата за врски и координација на Хезболах, задолжен за соработка со либанските и меѓународните безбедносни организации, објавуваат либанските медиуми.

Во октомври 2024 година, тој преживеа обид за атентат организиран од израелските сили.

Откако САД воведоа санкции врз него во 2019 година, Сафа беше вклучен во набавката на стотици странски пасоши за оперативци на Хезболах, заедно со Мухамед Раед, шеф на фракцијата на Хезболах во либанскиот Парламент.

Дополнително, Сафа ги користеше своите врски за шверц на дрога и оружје и олеснување на движењето на персоналот на Хезболах во либанските пристаништа (морски и воздушни) и на разни гранични премини.

Тој се смета за многу активен во собирањето средства за поддржувачите на Хезболах.сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан