• вторник, 12 ноември 2024

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер

Бејрут, 22 октомври 2024 (МИА) - Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.

„Хезболах признава дека „цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам“, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.

Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“.

Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан