• среда, 25 декември 2024

Хезболах: Со дронови ја нападнавме поморската база Ашдод во јужен Израел

Хезболах: Со дронови ја нападнавме поморската база Ашдод во јужен Израел

Бејрут, 24 ноември 2024 (МИА) - Хезболах за прв пат изврши напад со беспилотни летала врз поморската база Ашдод во јужен Израел, се наведува во соопштение на либанската вооружена група.

Групата соопшти дека „за прв пат извршила воздушен напад користејќи бројни напаѓачки дронови врз поморската база Ашдод“, објави Ал Џезира.

Во одвоено соопштение, се наведува дека Хезболах, исто така, извршил операција против „воена цел“ во Тел Авив користејќи „бараж напредни ракети и серија напаѓачки беспилотни летала“.

Израелската армија се уште не ги коментира овие напади.

На 1 октомври, Израел почна, како што соопштија израелските одбранбени сили, „ограничена и насочена“ копнена операција во јужен Либан против Хезболах. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан