• четврток, 26 декември 2024

Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници

Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници

Бејрут, 7 мај 2024 (МИА) - Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со беспилотно летало врз израелска воена позиција во близина на северниот град Метула. Израелската армија подоцна потврди дека во нападот загинале двајца војници.

Проиранската организација исто така соопшти дека истрелала десетици ракети преку либанско-израелската граница врз воени цели на територијата на Израел.

Израел и либанската групација, која собра огромен арсенал од 2006 година, во последните шест месеци си разменуваа секојдневни удари. Овој процес се одвива паралелно со војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.

Израел ја започна својата воена операција во Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан