• сабота, 09 ноември 2024

Хезболах предупреди дека ќе бомбардира нови цели доколку Израел продолжи да убива цивили

Хезболах предупреди дека ќе бомбардира нови цели доколку Израел продолжи да убива цивили

Бејрут, 17 јули 2024 (МИА) - Лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала денеска изјави дека Хезболах ќе гаѓа нови цели во Израел доколку вооружените сили на земјата продолжат да убиваат цивили во Либан.

„Продолжувањето на бомбардирањето на цивили ќе го охрабри Отпорот да лансира ракети кон населбите кои претходно не беа цел“, рече Насрала, истакнувајќи го зголемувањето на бројот на цивили убиени во Либан во последните денови.

Пет цивили, меѓу кои три деца, загинаа во вчерашните израелски напади во Либан, а најмалку тројца либански цивили беа убиени еден ден претходно, соопштија државните медиуми и безбедносни извори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан