• сабота, 28 декември 2024

Хезболах: Остануваме активни во Либан за да им помогнеме на граѓаните

Хезболах: Остануваме активни во Либан за да им помогнеме на граѓаните

Бејрут, 27 ноември 2024 (МИА) - Милитантната група Хезболах ќе остане активна и ќе продолжи да помага на граѓаните во јужен Либан по стапувањето на примирјето, соопшти Хасан Фадлалах, член на движењето и на либанскиот парламент.

Тој истакна дека групата ќе се фокусира на реконструкцијата и поддршката на раселените лица, вклучувајќи и координација со либанските власти за отстранување на урнатините и обновување на заедниците.

Фадлалах предупреди на зголемени израелски напади непосредно пред примирјето, што според него е вообичаена тактика на Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан