• вторник, 24 декември 2024

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

Бејрут, 18 октомври 2024 (МИА) - Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Хезболах во соопштение наведува дека од почетокот на копнената офанзива во Либан на 1 октомври израелската армија загубила 55 војници, а повеќе од 500 од нив се ранети, пренесуваат британските медиуми.

Синвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната во Газа, беше убиен во средата за време на операција на израелските војници во палестинската енклава.

Синвар, кој беше именуван за лидер на Хамас по убиството на политичкиот шеф, Исмаил Ханија, во Техеран во јули, се верува дека се криел во тунелите изградени од Хамас под Газа во последните две децении.

Израелската војска објави снимка од беспилотно летало на која се гледа како Синвар седи во фотелја, покриен со прашина, внатре во уништената зграда.

Западните лидери изјавија дека неговата смрт дава можност да се стави крај на конфликтот, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната ќе продолжи се додека не се вратат заложниците земени од милитантите на Хамас во октомври минатата година.сд/

фото:Х

Остани поврзан