• четврток, 26 декември 2024

ХД „Дрита“-Дебар, по повод Рамазан Бајрам, на 56 деца без родители им додели помош

ХД „Дрита“-Дебар, по повод Рамазан Бајрам, на 56 деца без родители им додели помош

Дебар, 12 април 2024 (МИА) – Дебарското хуманитарно друштво „Дрита“ по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, распределило помош за 56 деца без родители.

- Станува збор за помош во вкупен износ од 989.160 денари, донации на локални жители на Дебар, како и иселеници. Им благодариме за хуманоста што овие дечиња ги израдуваа за празникот. Опфатени се деца од градот, како и селските населени места Могорче, Долно и Горно Косоврасти, Скудриње, општина Маврово и Ростуше, селото Новак, општина Центар Жупа, како и други села, изјави за МИА, Нертил Османи, претседател на друштвото.

Поконкретно, деновите пред и на денот на празникот доделени се ваучери за облека во износ од 297.600 денари, за обувки 84 илјади, за храна во износ од 256 илјади, со цел, како што објаснува Османи, да набават она што им е најпотребно по нивен избор.

- Исто така доделени им се пари во готово во вкупен износ од 336 илјади а по повод празникот распределивме се подароци-пакетчиња а овие и 400 деца од градинката „Брешија“ и дневниот центар за лица со посебни потреби, во вредност од 34.160 денари, вели Османи.

Пред почетокот на Светиот месец Рамазан, друштвото на 56. деца без родители им распределило и пакети со прехранбени артикли, средства за одржување на хигиена, како и месо.

Од друштвото најавуваат дека продолжуваат со нивната хуманитарна активност со цел да помогнат а насмевките на детските лица, додава, е нивната најголема сатисфакција. вт/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан