• недела, 17 ноември 2024

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба
Загреб, 13 ноември 2020 (МИА) - Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на пресудата, ја отстранува секоја колективна одговорност на членовите на партијата, како и поврзаноста на сегашното раководство со индивидуалните дејства што се предмет на оваа постапка. Со поддршка, како што велат, на независната и автономна работа на судските тела, одговорноста на ХДЗ, како правно лице, произлегува од вината на одговорните лица, односно поранешниот претседател на партијата Иво Санадер и други осудени лица, објави загрепската Н1 телевизија. Повторното судење на Санадер и ХДЗ во случајот „перење пари од маркетинг компанијата Фими медиа“ започна во 2016 година, откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година. Иво Санадер денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Во овој случај, неговата партија ХДЗ е прогласена за одговорна за корупција. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан