• среда, 27 ноември 2024

Хаџи Јорданов - единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона

Хаџи Јорданов - единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона

Скопје, 31 јули 2024

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).

Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика.

Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади. „На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година“, објаснува Хаџи Јорданов.

 

Чептер 4 комуникации

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Чептер 4 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан