• недела, 24 ноември 2024

Хаџигенов: Потребна е заедничка коалиција меѓу „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“

Хаџигенов: Потребна е заедничка коалиција меѓу „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“
Софија, 30 јули 2022 (МИА) - Лидерот на „Ние идеме“ Николај Хаџигенов, кој стана познат за време на граѓанските протести во Бугарија против администрацијата на Бојко Борисов во летото и есента 2020 година, апелираше до БНТ за општо предизборно обединување со „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџигенов смета дека е неопходно да има предизборна коалиција за да се „чисти гласовите и да се направи јасна програма“. Според него, избори ќе има се додека не се разбере дека треба да се создаде заеднички демократски фронт, во кој ќе се соберат луѓе кои бараат демократија и правда, кои ќе имаат претходно подготвена програма, чекорите со кои ќе се реализира и резултатите. Тој смета дека четворната коалиција е составена на погрешен начин и дека е нормално што паднала од власт, ваквото обединување било нерегуларно и било потребно да се направи предизборна коалиција лани пред изборите. „Бугарската социјалистичка партија беше огромен проблем во владеењето. Бојко Борисов дојде на власт поради БСП“, потсети Хаџигенов и додаде дека 16 години подоцна ништо не се сменило, владееле на ист начин. Копретседавачот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, коментира дека „Продолжуваме со промените“ треба да се свртат кон тезата со која започнаа промените и да се изјасни за создавање постојан феномен во бугарската политика на демократската заедница. Пред неколку дена, на крајот од работата на 47. Народно собрание на Бугарија, Иванов рече дека најлогично е „Демократска Бугарија“ и „Продолжуваме со промените“ да се појават заедно на предвремените парламентарни избори на есен. нк/паг/  

Остани поврзан