• сабота, 21 декември 2024

Хајделберг Факултет во Скопје партнер на Франкфуртскиот универзитет

Хајделберг Факултет во Скопје партнер на Франкфуртскиот универзитет

Скопје, 21 мај 2024

Делегација предводена од претседателот на управата на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел, беше во посета на Франкфурт. 

Германскиот факултет во Скопје стана партнер, преку кооптација, со еден од најголемите Универзитети за ДУАЛНИ студии во Хесен и Баден-Виртемберг, Универзитетот од Франкфурт - Провадис 

Во Франкфурт, (С.Р. Германија) успешно се заокружи работната седмица, со официјален состанок меѓу Управата на Хајделберг Факултет во Скопје и еден од најголемите дуални универзитети во Франкфурт – Провадис. 

Главниот фокус во оваа завршна фаза на кооптираните високообразовни институции беше дефинирање на детали за вмрежување на германските и македонските компании, со особен осврт на: компаниите од ИТ индустријата, банките, германските фабрики и останатите компании во зоните, телекомуникациските компании, банките, осигурителни друштва и сите оние стопански субјекти, на кои, им недостасува млада, продуктивна и квалификувана работна сила. Имено, целта на посетата беше да се круниса со долгорочен договор за партнерство, осуммесечното работење на македонско-германската работна група, а во насока на целосно усогласување за започнување на двојна акредитација на универзитетските студии за прв циклус студии, додипломски на Хајделберг Факултет  во Скопје - во Германија и Македонија. 

Со ваквиот договор за двојна акредитација на програмите, практично се започнува еден нов начин на едукација во високото образование кај нас, наречен - дуално високо образование. Како што беше речено во Франкфурт, од страна на претседателот на Универзитетот, г-ѓа Уршула, овој начин на образование, за Германија претставува модел за одржлив развој на компаниите. Оттука, како што беше заклучено на средбата, ова, може да претставува одличен пример за развој и на македонските компании, на кои, во континуитет им недостасува млада и продуктивна работна сила. Затоа, ваквиот модел мора да биде имплементиран преку оваа партнерска соработка на Хајделберг Факултет во Скопје и Франкфуртскиот универзитет, смета претседателот на управата на германскиот факултет во Скопје, проф. д-р Цајтел.      

Проф. д-р Наумоски, претставник на управата во Скопје, кој беше на состанокот во Франкфурт, смета дека во земјите од Западен Балкан, не постои ваков модел на високо образование. Тој смета дека Македонија ќе биде прва меѓу нив, со амбиција за овој модел во Скопје, да постави подлога за проширување на истата практика во остатокот од регионот, почнувајќи од Србија, а потоа Албанија. 

Претставници од Хајделберг Факултет во Скопје беа: проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Одборот на директори, проф. д-р Роналд Глеих, член на Одборот на директори и проф. д-р Синиша Наумоски, претставник на управата во Скопје. Од седиштето на Франкфуртскиот универзитет Провадис, присуствуваа: претседателот на управта, проф. д-р Урсула Ото; проф. д-р Стефан Клингелхофер, декан на факултетот за компјутерски науки и деловна информатика; проф. д-р. Бјорн Хекман од управта; проф. д-р. Томас Кеил, раководител на катедра за бизнис администрација; проф. д-р. Питер Холм, раководител на катедра за дигитализација; и Кирстен Лоу, раководител на оддел за продажба на универзитетот. Г-дин Лук Рудериш, менаџер за развој на универзитетот, беше организатор и модератор на состаноците во Франкфурт.    

Беа усогласени сите релевантни прашања и разгледани акредитациите во двете земји, по тој основ, во врска со влезот на дуалните студии на Франкфуртскиот универзитет Провадис, преку платформата на германскиот Факултет во Скопје: Со тоа, конечно, како што беше објавено „HEIDELBERG FACULTY OF SKOPJE“, се стекна со сите потребни акредитации во македонските и германски институции, така што, од оваа учебна година 2024/25 ќе биде објавен, на крајот на мај, за прв пат, Конкурс за прием на првите студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), и тоа: 

-          Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти); и 

-          Податоци и компјутерски науки (30 студенти). 

На крајот, проф. д-р Урсула Ото, претседателката на УО на Франкфуртскиот универзитет, го истакна следново: „Ова е за прв пат во земјите од Западен Балкан да се студира на германски студии, кои, од нас како Универзитет се директно признаени во 75 отсто од целата настава во Скопје. Остатокот од 25 отсто ќе се работи во Германија (Франкфурт и Хајделебрг) на крајот на петтиот семестар, додека пак, во шестиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача (во Германија), со ментори германски професори, се завршува постапката за студирање. Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во С.Р. Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем.“ 

„После шест и пол години постапки во Скопје, конечно, во оваа академска година 2024/25, високообразовната установа со уникатен пристап ќе ја интегрира теоријата со праксата, по примерот на Франкфуртскиот универзитет и под нивно менторство и вклучување со програми, образовен кадар и директна суервизија на процесот, евалуација и екстерно тестирање за гаранција на квалитетот и дуалноста на студиите. Воедно, планирани се теренски посети, екскурзија и студентски размени, како и финални активности за докомплетирање на едукативните процеси и стекнување на универзитетска германска диплома, покрај македонската“, заврши проф. д-р Глеих, член на Одборот на директори во Хајделебрг Факултет во Скопје.

 

Хајделберг Факултет - Скопје 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Хајделберг Факултет - Скопје 

Остани поврзан