• четврток, 26 декември 2024

Хафтар подготвува нов напад врз Триполи

Хафтар подготвува нов напад врз Триполи
Анкара, 14 јануари 2020 (МИА) - Командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар почна да ја повлекува војската кон јужниот дел на Триполи, со цел да изврши уште еден напад врз позициите на Владата на национално единство на Фајез Сараџ. - Војската на Хафтар ги повлекува своите сили јужно од Триполи за да изврши уште еден напад, изјави неименуван извор близок на Сараџ. Лидерите на либиските завојувани страни по осумчасовни преговори не успеаја да се договорат за примирје и прекин на девет месечниот конфликт поради главниот град Триполи. гт/

Остани поврзан