• среда, 25 декември 2024

Хас: Шумахер нè чини цело богатство, искрши многу болиди

Хас: Шумахер нè чини цело богатство, искрши многу болиди
Лондон, 17 октомври 2022 (МИА) - Сопственикот на Формула 1 тимот „Хас“ Џин Хас смета дека Мик Шумахер досега направи премногу материјална штета со оштетување на болидите. - Овој спорт е прескап и едноставно не дозволува да ги кршите болидите, посебно кога сте почетник. Мислам дека Мик има многу потенцијал, но знаете дека тој нас не чини цело богатство и уништи многу болиди кои се многу пари, а ние едноставно ги немаме. Кога би ни донел бодови како што тоа го прави Макс Верстапен за Ред Бул, а во исто време понекогаш прави судири, ќе се справиме некако со тоа. Но, кога сте надвор од првите десет и удирате со болидот, тоа е многу тешко, изјави Хас за „Gradprix247“. Според извештаите на медиумите, во 2022 година Шумахер уништи автомобили на аериканскиот тим вредни речиси пет милиони долари. На четири етапи до крајот, 23-годишниот Германец е 16-ти во поединечниот пласман со 12 бода. Неговиот тимски колега Кевин Магнусен е на 14. позиција со 22 бода. Договорот на Шумахер со американскиот тим завршува на крајот од актуелната сезона. зс/

Остани поврзан