• среда, 25 декември 2024

Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидетелствата до сите училишта

Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидетелствата до сите училишта
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидетелствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи. - Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидетелствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидетелствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи во изјавата за МИА. вј/сп/

Остани поврзан