• недела, 01 септември 2024

Хасан победи на женскиот олимписки маратон

Хасан победи на женскиот олимписки маратон

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз.

Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа.

Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а шести олимписки медал во кариерата.

Сребрениот медал на женскиот маратон го освои Етиопјанката Тигст Асефа со време 2:22.58 часа, а бронзата Хелен Обири од Кенија (2:23.10). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан