• сабота, 23 ноември 2024

Хасани: Одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа е јасен показател за значителниот напредок на Албанија

Хасани: Одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа е јасен показател за значителниот напредок на Албанија

Тирана, 8 март 2024 (МИА) - Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, денеска реагираше на веста дека Албанија влегува во фазата на постмониторинг дијалог од страна на мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

-Добри вести од Парламентарното собрание на Советот на Европа. По долги 29 години под целосен мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа, од членството на Албанија во оваа организација во 1995 година, Комитетот за следење на СЕ-ПССЕ одлучи едногласно да ја поддржи транзицијата на Албанија во фазата на постмониторинг дијалог, напиша во реакцијата на „X“ платформата.

Хасани истакна дека „оваа одлука е јасен показател за значителниот напредок на Албанија во зајакнувањето на владеењето на правото, човековите права и демократијата.

-Ја потврдуваме нашата посветеност за дополнително подобрување на нашите демократски стандарди, бидејќи стабилно напредуваме на европскиот пат што го заслужуваат албанските граѓани, наведува Хасани.

Мониторинг комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа е формиран во 1997 година, како потреба од создавање редовен механизам, кој систематски ќе ја следи состојбата на почитување на човековите права, владеењето на правото и демократијата во земјите членки на Советот на Европа. вт/мс/

фото: Фејсбук

Остани поврзан