Хасани до Приштина за мостот на Ибар: Консултирајте се и преговарајте со оние кои го ослободија Косово
- -Нашите сестри и браќа во Приштина за сите чекори што ќе ги преземат треба прво да разговараат со оние што многу ги сакаат, изјавил Хасани. Нагласил дека не треба да се прави чекор без консултации и преговори со сојузниците, вклучително и Албанија.
Тирана, 30 август 2024 (МИА) - Албанскиот министерот за надворешни работи Игли Хасани му испрати јасна порака на косовскиот премиер Албин Курти, во однос на прашањето за мостот на Ибар, но и за сите прашања.
-Нашите сестри и браќа во Приштина за сите чекори што ќе ги преземат треба прво да разговараат со оние што многу ги сакаат, изјавил Хасани. Нагласил дека не треба да се прави чекор без консултации и преговори со сојузниците, вклучително и Албанија.
- Бевме јасни, секогаш доследни на она што го кажавме. За нас надворешнополитички приоритет е Косово, затоа на нашите сестри и браќа во Приштина секогаш им кажувавме дека за сите чекори што ќе ги преземат треба прво да се разговара со оние кои многу ги сакаат. Треба да се разговара, да се дебатира и да се преговара со земјите и организациите кои го направија Косово слободно и независно, како што е денес, а тука влегува и Албанија, рекол Хасани. вт/