• среда, 18 декември 2024

Хасани: Владата на Северна Македонија посветува внимание на развој на капацитетите за кибер-безбедност

Хасани: Владата на Северна Македонија посветува внимание на развој на капацитетите за кибер-безбедност
Софија, 19 септември 2022 (МИА) – Владата на Северна Македонија посветува посебно внимание на развојот на сопствените капацитети за кибер-безбедност, чија главна цел е заштита на националните интереси на државата, истакна заменик министерот за одбрана на Северна Македонија, Башким Хасани кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, јави дописникот на МИА од Софија. Во рамките на дискусијата посветена на влијанието на војната во Украина врз развојот на вооружувањето и тоа дека руската инвазија суштински ја промени светската агенда во однос на геополитичките процеси, безбедносни, економски и хуманитарни аспекти кои влијаат на безбедносниот аспект во Југоисточна Европа, тој истакна дека се соочуваме со кибер, хибридни и други асиметрични закани, кои вклучуваат и кампањи за дезинформација. На конференцијата учествуваше и поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој рече дека Русија влијаела на развојот на регионалните процеси, посочувајќи на нерешениот дијалог меѓу Белград и Приштина, поддршката на одредени сили во Босна и Херцеговина, политичката криза во Црна Гора, како и обидот за одржување референдум против Договорот со Бугарија од страна на опозицијата, кој, според него, создава ризик за политичката стабилност во односите меѓу Софија и Скопје. Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 - 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата. нц/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан