• среда, 13 ноември 2024

Хари и Меган Маркл наскоро кај Опра Винфри

Хари и Меган Маркл наскоро кај Опра Винфри
Лондон, 16 февруари 2021 (МИА) - Британскиот принц Хари и неговата сопруга - Американката Меган Маркл ќе го прекинат молкот за нивното заминување од Бакингемската палата во интервју коешто ќе биде прикажано во емисија на познатата американска ТВ-ѕвезда Опра Винфри следниот месец. Хари и Меган, кои завчера објавија дека очекуваат уште едно дете, минатата година ја изненадија јавноста и кралското семејство кога објавија дека планираат да го напуштат животот во Лондон. Двојката потоа се пресели во Калифорнија со својот син Арчи и потпиша повеќегодишен договор со Нетфликс, којшто во голема мера ги поддржува нивните планови за живот независно од кралското семејство.  си/

Остани поврзан