• среда, 18 декември 2024

Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт

Хари и Меган и посакаа здравје и закрепнување на Кејт

Лондон, 22 март 2024 (МИА) – Принцот Хари и Меган објавија кратка изјава во која е посакуваат здравје на принцезата од Велс.

- Посакуваме здравје и закрепнување за Кејт и семејството и се надеваме дека ќе можат да го сторат тоа приватно и во мир, се вели во изјавата.

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан