• вторник, 24 декември 2024

Харис: Кина врши притисок во спорното Јужно Кинеско Море

Харис: Кина врши притисок во спорното Јужно Кинеско Море
Вашингтон, 24 август 2021 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска ја обвини Кина за вршење притисок и заплашување на земјите околу спорното Јужно Кинеско Море. - Постапките на Пекинг продолжуваат да го поткопуваат редот заснован на законите, посочи Харис во Сингапур. Таа допатува во Сингапур на 22 август, во првиот дел од посетата на Југоисточна Азија, а денеска ќе го поосети Виетнам. Нејзиниот посета на азиските земји беше договорена пред талибанците да ја преземат контролата во Авганистан пред една недела, а по неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Сингапур, Филипините и Виетнам, кој исто така го критикуваше Пекинг за Јужното Кинеско Море. Кина е во спор сојузниците на САД - Виетнам и Филипини за Јужно Кинеско Море. Харис американското повлекување од Авганистан го оцени како „опасна и исправна одлука“. Таа наведе дека и покрај повлекувањето од Авганистан, САД планираат „да се стремат кон слободна и отворена индопацифичка област“ врз основа на „трајните интереси“ на нејзината земја во регионот. ми/

Тагови

Остани поврзан