• петок, 22 ноември 2024

Харис вети дека ќе ги претставува сите Американци, откако претседателот Бајден поддржувачите на Трамп ги нарече „ѓубре“

Харис вети дека ќе ги претставува сите Американци, откако претседателот Бајден поддржувачите на Трамп ги нарече „ѓубре“

Вашингтон, 30 октомври 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка, Камала Харис, денеска изјави дека не се согласува со „никаква критика на луѓето врз основа на тоа за кого гласаат“, јавија американските медиуми.

Американските медиуми забележуваат дека Харис ова го рече како одговор на скандалот со американскиот претседател Џо Бајден кој поддржувачите на Трамп ги нарече „ѓубре“.

-Ќе ги претставувам сите Американци, вклучително и оние кои не гласаат за мене, изјави американската потпретседателка.

Харис ова го изјави пред новинарите додека се подготвуваше за предизборни собири во уште три држави.

Нејзините зборови се обид да се затапат расправиите околу реториката на претседателот Бајден на помалку од една недела од крајот на изборната кампања.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан