• четврток, 26 декември 2024

Харден ja намали платата за 15 милиони долари за Филаделфија да може да ангажира нови играчи

Харден ja намали платата за 15 милиони долари за Филаделфија да може да ангажира нови играчи
Филаделфија, 9 јули 2022 (МИА) – Најдобриот кошаракр на Филаделфија, Џејмс Харден, ќе потпише двегодишен договор со намалување на платата од 15 милиони долари, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија. Така, 32-годишниот Американец сака да ја зголеми веројатноста Филаделфија да потпише нови кошаркари. На крајот на јуни, Харден се откажа од клаузулата во договорот и нема да добие 47,3 милиони долари за следната сезона. Тој ќе остане во Филаделфија уште две години и се надева дека клубот може да биде конкурентен за шампионскиот трофеј во НБА-лигата. Минатата сезона 32-годишниот Харден настапи на 21 натпревар за Филаделфија, со просек од 21 поен, седум скока и 10,5 асистенции. Претходно Харден играше за Хјустон и Оклахома. зс/

Остани поврзан