• четврток, 26 декември 2024

Харден го напушти Хјустон и замина во Бруклин

Харден го напушти Хјустон и замина во Бруклин
Њујорк, 14 јануари 2021 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин. Според НБА инсајдерот Шемс Харанија, клубовите се договориле за трансфер на 31-годишниот Американец. Индијана и Кливленд исто така се вклучени во зделката која содржи голем број размени и права на избор на драфтот. Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, за трансферот на Харден од Хјустон во Бруклин рече дека е „луд момент“. - Со оглед на размените што се случија во последните 4-6 години, тешко е да се изненади на што било во оваа лига, но она што се случи сега е „луд момент“. Рамнотежата на силите во лигата веднаш се промени. Претходно, Кевин Дурент играше во нашиот тим, а сега ќе игра заедно со Кајри Ирвинг и Харден. Ќе биде интересно да ги видите заедно, истакна Кари. зс/

Остани поврзан