• четврток, 26 декември 2024

Харден ги повтори достигнувањата на Џордан и Ајверсон

Харден ги повтори достигнувањата на Џордан и Ајверсон
Орландо, 15 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Хјустон, Џејмс Харден, е третиот играч во историјата на НБА лигата, со најмногу поени и украдените топки во една сезона. Претходно, Мајкл Џордан тоа го направи три пати, а Ален Ајверсон еднаш. Харден ја заврши регуларната сезона со 34,3 поени, 6,6 скока, 7,5 асистенции и 1,8 украдени топки по натпревар. Покрај тоа, Харден трета сезона по ред има најдобар ефект на листата на стрелците. По спојувањето на НБА и АБА, тоа им успеа само на Џорџ Гервин, Мајкл Џордан и Кевин Дурант. зс/

Остани поврзан