• четврток, 12 февруари 2026

Хапоел Тел Авив со поддршка за тренерот Итудис

Хапоел Тел Авив со поддршка за тренерот Итудис

Тел Авив, 9.февруари 2026 (МИА) – Евролигашот Хапоел Тел Авив му даде поддршка на тренерот Димитрис Итудис и нема да добие отказ, иако екипата е во серија на лоши резултати. Покрај Итудис и комплетниот стручен штаб доби доверба.

Хапоел Тел Авив, претрпе пораз во израелската лига од Хапоел Ерусалим, а потоа бил одржан состанок меѓу тренерот, стручниот штаб и сопственикот на клубот.

Според информациите од израелските медиуми Итудис добил целосна поддршка и дека од клубот очекуваат токму тој да го извлече тимот од кризата.

Хапоел има серија од четири порази во Евролигата и се наоѓаат на петтото место со скор 16-10 (победи-порази), или Хапоел има само една победа на последните седум натпревари. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан