• вторник, 24 декември 2024

Ханија: Бригадите Ал Касам ќе продолжат да ги засилуваат нападите

Ханија: Бригадите Ал Касам ќе продолжат да ги засилуваат нападите

Газа, 27 октомври 2023 (МИА) - Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, продолжуваат да ги интензивираат своите напади и дека „отпорот“ во Газа е непоколеблив. 

Ханија кажа дека „отпорот“ е национално-ослободително „движење кое се стреми да го ослободи својот народ и својата земја“. 

Тој посочи дека израелските напади во Газа ќе го дестабилизираат целиот регион и дека никој не може да предвиди како понатаму ќе се развиваат работите, пренесе телевизијата „Ал Џезира“. 

Политичкиот лидер на Хамас ги повика „сојузничките, братски нации“ да извршат притисок за прекин на нападите врз Газа и за итно отворање на сите гранични премини, вклучително и граничниот премин Рафа со Египет, за да се достави потребната помош. 

Ханија изјави дека тероризмот го претставуваат оние кои ја поддржуваат израелската агресија, како и оние кои молчат за „масакрите“ извршени од Израел. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан