• среда, 25 декември 2024

Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер

Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер

Техеран, 19 октомври 2024 (МИА) - Палестинското исламистичко движење Хамас ќе продолжи да постои и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар, кој беше убиен за време на израелска воена операција, изјави денеска иранскиот врховен лидер ајатолахот, Али Хамнеи.

-Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот против Израел, но тоа воопшто нема да престане со мачеништвото на Синвар, нагласи ајатолахот Хамнеи.

Иран не ја признава државата Израел, која е негов заколнат непријател, а по Исламската револуција во 1979 година, поддршката за палестинската кауза ја направи еден од столбовите на својата надворешна политика.

-Јахја Синвар „беше брилијантна фигура на отпор и борба против Израел, според Хамнеи. „Тој застана со непоколеблива решителност против суров и агресивен непријател и го победи со тактичност и храброст“, додаде тој.

Синвар, кој долго време беше во сенка пред да стане шеф на Хамас, се смета за архитект на невидениот напад на палестинското исламистичко движење врз Израел на 7 октомври 2023 година, што доведе до крвав конфликт што се заканува да го зафати целиот регион. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан