• вторник, 24 декември 2024

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Техеран, 25 ноември 2024 (МИА) - Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека против лидерите на Израел треба да се изрече смртна казна, наместо налози за апсење.

- Тие издадоа налог за апсење, но тоа не е доволно. Треба да се изрече смртна казна за овие криминални лидери, рече Хамнеи, мислејќи на израелските лидери.

Изјавата на Хамнеи доаѓа по објавата на Меѓународниот кривичен суд за налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, како и на еден од лидерите на Хамас, Ибрахим Ел Масри, за кого се верува дека е мртов. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан