• среда, 25 декември 2024

Хамнеи: Израел мора да биде казнет за нападот во Дамаск; Кац: Ќе одговориме соодветно

Хамнеи: Израел мора да биде казнет за нападот во Дамаск; Кац: Ќе одговориме соодветно

Техеран/Тел Авив, 10 април 2024 (МИА) – Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Израел „мора да биде казнет“ и „ќе биде казнет“ за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија, за кој Техеран го обвини Тел Авив.

-Злобниот режим направи грешка, мора да биде казнет и ќе биде казнет, рече Хамнеи во говорот по повод празникот Рамазан Бајрам, пренесуваат британските медиуми.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Ирански напад врз Израел од нивна територија би предизвикал израелски одговор со иста мерка, возврати денеска шефот на израелската дипломатија, Израел Кац.

„Доколку Иран нападне од негова територија, Израел ќе одговори и ќе го нападне Иран“, напиша Кац на социјалната мрежа Х на хебрејски и персиски јазик, мислејќи на заканата од иранскиот лидер Хамнеи, пренесоа британските медиуми.

Израел за цело време тврди дека не стои зад нападот, а освен Хамнеи, во изминатите десет дена и неколку други официјални претставници на Техеран, исто така, се заканија со одмазда за нападот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан