• среда, 25 декември 2024

Хамилтон ќе постави личен антирекорд доколку не победи на британското Гран при

Хамилтон ќе постави личен антирекорд доколку не победи на британското Гран при
Лондон, 26 јуни 2022 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон може да постави личен антирекорд по бројот на трки без победа на Големата награда на Британија. Триесет и седумгодишниот седумкратен шампион во Формула 1 е во серија од 10 трки без победа. Неуспешната серија започна со трката за Големата награда на Абу Даби минатата година, а потоа тој не успеа да победи ниту еднаш на деветте трки од новата сезона. Претходно, Британецот не победи на Ф-1 трка десет пати во низа, во 2008 - 2009 година и во периодот 2012 - 2013 година. Хамилтон е шести во генералниот пласман со 77 бодови. зс/

Остани поврзан