• недела, 24 ноември 2024

Хамилтон и покрај големиот малер победи на британското Гран при

Хамилтон и покрај големиот малер победи на британското Гран при
Силверстоун, 2 август 2020 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на денешната трка за Големата награда на Британија. Британецот по седми пат беше најбрз на домашен терен, на патеката „Силверстоун“. Хамилтон водеше во текот на целата трка, но во последниот круг му пукна една од предните гуми и со многу среќа ја задржа предноста пред Макс Верстапен. Холанѓанецот заврши втор со пет секунди заостанување, но сигурно ќе беше прв доколку не влезеше во боксот на два круга пред крајот за да смени гуми со цел да „брка“ бод за најбрз круг. Шарл Леклер од Ферари се пласира на третото место. Другиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, беше втор во поголемиот дел од трката, но поради технички проблеми на крајот се најде само на 11. место. Во Генералниот поредок Хамилтон е убедливо прв по третата од четирите извозени трки во Формула 1 шампионатот оваа сезона со 88 бода, триесет повеќе пред Ботас. зс/

Остани поврзан