• недела, 28 јули 2024

Хамилтон за трансферот на Ботас во Алфа Ромео: Неизмерно сум горд што пет години возев во ист тим со Валтери

Хамилтон за трансферот на Ботас во Алфа Ромео: Неизмерно сум горд што пет години возев во ист тим со Валтери
Лондон, 6 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон му даде поддршка на Валтери Ботас, заблагодарувајќи се за заедничките настапи во германскиот тим. Ботас денеска објави дека го напушта Мерцедес и ќе вози за Алфа Ромео почнувајќи од следната сезона.
  • Неизмерно сум горд што возев во ист тим со Валтери Ботас во изминатите пет години. Заедно бевме дел од тим кој освои четири титули за конструктори - и се мотивиравме еден со друг да продолжиме да напаѓаме и да одиме напред, минувајќи низ подеми и падови. Благодарам, ВБ! Да завршиме што е можно посилно!  - напиша Хамилтон на Твитер.
Се очекува Џорџ Расел да го замени Ботас во Мерцедес. зс/

Остани поврзан