Хамилтон за скратување на викендите во Ф1: Воздухот 22 дена би бил помалку загаден
- Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон зборуваше за употребата на дводневен формат во етапите на Формула 1.
Лондон, 19 октомври 2020 (МИА) - Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон зборуваше за употребата на дводневен формат во етапите на Формула 1.
Годинава, Формула 1 веќе го тестираше овој формат. Петочните тренинзи на Нирбургринг беа откажани поради лошите временски услови. Исто така и во Имола ќе има трки само во сабота и недела.
- Пократок викенд ќе ја направи Ф1 повозбудлива. Плус, дополнително 22 дена во една година, 20 автомобили ќе се тркаат на патеката и ќе го загадат воздухот и планетата, изјави шесткратниот светски шампион.