• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хамилтон: Гласините за моето разочарување во Ферари се целосна глупост

Хамилтон: Гласините за моето разочарување во Ферари се целосна глупост

Сузука, 5 април 2025 (МИА) - Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги отфрли гласините дека ја изгубил довербата во Ферари по неговото дисквалификација во Кина.

- Разочарување? Не. Ја анализиравме ситуацијата во базата, научивме лекции и продолживме понатаму. Читам глупости на социјалните мрежи дека ја изгубив вербата во тимот. Ова е целосна глупост! Верувам во овој проект 100%. Никој не очекуваше дека ќе почнеме да доминираме од првата сезона, особено јас. За адаптација е потребно време.
Во текот на изминатите неколку месеци проучував како работи Ферари. Секој тим има свој пристап: Мекларен имаше еден, Мерцедес друг, а тука е трето. Набљудувам за да видам каде можам да бидам од максимална корист. Ми се допаѓа визијата на Фредерик Васер, изјави Хамилтон за „Sky Sports“.

Третата трка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи од викендов во Сузука, Јапонија. 

На втората трка од сезонава возена во Кина пред две недели, Хамилтон го освои 6. место, но подоцна беше дисквалификуван какои и неговиот тимски колега Шарл Леклер (заврши на 5. место) , поради технички недостатоци на болидите. Ферари остана без бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан